Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Монохроматскиот стил на Меган Маркл доминира во Њујорк: Во црн комбинезон диктира елеганција

За својот вечерен изглед, Меган избра монохроматски комбинезон од модната куќа „Габриела Херст“, со деколте без прерамки и модни линии на грбот врзани во чвор.

Престојот на Меган Маркл во Њујорк привлече големо внимание и беше проследен со настап во Обединетите нации, средба со активистката Глорија Стајнем и на крајот, вечера со пријателите во италијански ресторан во придружба на принцот Хари.

За својот вечерен изглед, Меган избра монохроматски комбинезон од модната куќа „Габриела Херст“, со деколте без прерамки и модни линии на грбот врзани во чвор. Ефективноста на овој комбинезон, покрај нозете кои благо блескаа, даде и белиот горен дел во форма на лента.

На сето тоа Меган Маркл додаде и „ботега“ чанта и црни лакирани сандали, а косата ја среди во ниско опавче.

Ова не е првпат Меган да се види во парчињата на овој дизајнер. Уште за време на првите ангажмани кога му се придружи на кралското семејство ги носеше нивните чанти, фустани, јакни. Постојат два основни принципи на работа и производство на брендот „Габриела Херст“ – долгорочна и одржливост.

Брендот ги одразува вредностите во кои традицијата влијае повеќе од трендовите, каде има цел детално да се прикаже секое парче, протолкувано на нивната официјалната веб-страница.

Покрај тоа што сака да носи парчиња од овој бренд, војвотката во последните неколку месеци се повеќе ја прифаќа монохроматската палета. За нејзиното појавување на „Invictus Games“ во Хаг во април, Меган носела голем број црно-бели комбинации, како бел костум „валентино“, а при посетата на Обединетите нации пред неколку дена беше видена во целосно црна комбинација составена од крој на здолниште „молив“, блузи и салонки.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement