Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Софија Вергара блесна во секси фустан кој одлично и прилега на фигурата,и докажа дека на прагот на шестата деценија изгледа подобро од било кога…

Прославената колумбиска актерка Софија Вергара во саботата го прослави својот 50-ти роденден, а по тој повод ги собра пријателите и семејството во ресторанот Лаво во Лос Анџелес. За оваа специјална пригода, познатата латино убавица избра посебна славеничка комбинација која го воодушеви модниот свет…

Атрактивната актерка и претприемач е љубител на потесни, женствени парчиња облека кои зрачат со сексапил и дополнително ја истакнуваат нејзината фигура на песочен часовник, па не е изненадување што и за нејзината роденденска забава облече фустан кој ги исполнува сите горенаведени услови.

Ѕвездата на серијата „Modern Family“ се одлучи за тесен фустан во впечатлива невенска боја, а се работи за модел со миди крој со отворен грб дизајниран од австралискиот дизајнер Алекс Пери.

Минималистичкиот (и секси) фустан го искомбинира со незаменливи металик сандали со вртоглаво висока платформа потпишана од брендот Schutz.

Со оглед на тоа што самиот фустан беше главниот адут на нејзиниот стајлинг, колумбиската секс-бомба не претера со модните додатоци, туку го заокружи целиот „изглед“ во кој доминира светло жолтата боја со чанта со потпис на познатата француска куќа Chanel во подеднакво импресивна сенка.

Дел од својата роденденска атмосфера актерката сподели и на социјалните мрежи.

Иако денес е една од најдобро платените телевизиски актерки во светот и дефинитивно една од највозбудливите, познатата Колумбијка Софија Вергара славата ја стекна дури во 30-тите години. Првото професионално снимање го „направила“ кога имала 11 години.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement