Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

ЏУЛИЈА РОБЕРТС ОДРЖУВА ТЕНКА ЛИНИЈА СО САЛАТА: Еве го рецептот кој симнува килограми, брзо се подготвува и е совршен за лето…

Џулија Робертс со години ја носи титулата „најубави нозе во Холивуд“, а тоа е само едно од признанијата за нејзината убавина. Нејзината насмевка, коса и витка фигура ја прават, според мислењето на многумина, најубавата жена на светот, а за себе скромно вели дека е само домаќинка.

Како мајката на три деца одржува фантастична фигура? Јулија објаснува дека не сака да вежба, но многу и се допаѓа чувството кое го добива после квалитетен тренинг.

Таа поминува околу четири часа неделно вежбајќи, а се труди што почесто да избира здрави оброци, особено салати. Нејзината позната фитнес салата со години е на врвот на најпопуларните и дефинитивно вреди да се проба.

Состојки:

400 гр наут, по можност конзервиран
100 гр млад спанаќ
2 моркови
1 шака ореви
100 гр фета сирење
сол и црн пипер

ЗА ПРЕЛИВ:

3 супени лажици оцет
1 лажица сенф
5 супени лажици маслиново масло
сол и црн пипер

Подготовка:

Наутот добро измијте го, а потоа исцедете го и истурете го во сад за сервирање. Измијте го спанаќот, излупете го морковот и исечете го на тенки ленти и додадете го наутот. Измешајте сè и зачинете, па изматете го преливот и додадете го во салатата.

Сирењето треба да се изренда, оревите да се исецкаат или сомелат, па да се додадат во салатата и да се зачини по вкус и веднаш да се послужат.

Оваа салата може да биде и комплетен летен оброк, бидејќи ќе ви даде доволно количество протеини и влакна. Овие состојки се неопходни за одржување на убава фигура, која Џулија ја покажува во сите прилики – од опуштена прошетка на плажа или пливање, до снимање модни реклами или нови филмови.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement