Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Џиџи Хадид покажа како заборавените парчиња облека во комбинација со актуелните тренди парчиња можат да создадат одличен летен стајлинг…

Манекенката Џиџи Хадид, како и нејзината помлада сестра Бела, е познат љубител на трендовите кои доминираа на модната сцена на почетокот на милениумот. Еден од нив е враќањето на бермудите, со посебен акцент на тексас верзиите, а американската ‘it’ девојка пронајде комбинација која може да стане летна модна униформа на многу модничарки.

Познатата американска манекенка, 27-годишната Џиџи Хадид редовно импресионира со одлични комбинации надвор од модната писта, а овој пат на улиците на Њујорк покажа како некои (заборавени!) парчиња облека во комбинација со актуелни тренди парчиња навистина можат да создадат одлични стајлинг.

Дежурните папараци ја уловија додека се шеташе во Њујорк, а за таа прилика успешната манекенка облече класични светли бермуди од брендот Algoda кои ги комбинираше со бела маичка со шлиц. Со овој потег таа потврди дека не е имуна на актуелните трендови, но и дека вешто комбинира ретро и модерни парчиња.

Покрај горниот дел со шлиц, познавањето на трендовите го покажа и со изборот на чанта – овој пат тоа беше крем бохо чанта за рамо што го носи потписот на популарниот американски бренд Khaite.

Тренди изданието го заокружила со препознатлив пар чевли. Станува збор, секако, за слип-оновите од Аризона од култниот германски бренд Birkenstock, кои со години се на листата на најпосакувани летни обувки. Но, Џиџи не носеше ниту една верзија, туку носеше модел кој е резултат на втората модна соработка на Birkenstock со познатата италијанска модна куќа Valentino.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement