Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Патниците го прогласија за осмо светско чудо: Импресивни сини кули кој ве водат до крајот на светот

Торес дел Паин е најголемиот и најпосетуван чилеански парк, а она што го прави уште поатрактивен е фактот што е последниот дел од т.н. Патека до крајот на светот.

Пред речиси десет години, чилеанскиот национален парк Торес дел Паин беше прогласен за осмо светско чудо во истражувањето спроведено од VirtualTourist, во конкуренција на 300 различни дестинации. Потценување е да се каже дека ова е наслов кој интригира повеќе од „наследството на УНЕСКО“ или дури и самиот „национален парк“. Значи, што го прави овој парк толку посебен?

Пред се, треба да се напомене дека се работи за национален парк полн со планини, глечери, езера и реки, а се наоѓа во јужниот чилеански регион познат како Патагонија.

Најпознат и најпрепознатлив дел од овој парк е планинскиот венец составен од три гранитни кули. Самиот збор „паин“ значи сина боја, а „торес“ колони. Гледано од далеку, овие столбови се разликуваат само по сенка од синилото на небото над и зад нив, и водата пред нив.

Кулите се нарекуваат Torres d’Agostini, Torres Central и Torres Monzino, а се издигаат на 2.500 метри надморска височина. Ова е можеби најубавата сцена која доведе до титулата светско чудо, но треба да се земе предвид и фактот дека тука се наоѓаат некои од најубавите глацијални езера во светот. Токму тие ја формираат водата под кулите, а само некои од нив се Греј Пехо, Норденскиолд и Сармиенто.

Торес дел Паин е најголемиот и најпосетуван чилеански парк, а она што го прави уште поатрактивен е фактот што е последниот дел од т.н. Патека до крајот на светот.

Таканаречената патека W е пешачка патека која ги обиколува најголемите туристички атракции на паркот Торес дел Паин, и е долга преку 60 километри. Името го добило по формата на буквата W што ја формира кога се гледа од воздух, а по патот има планински колиби и места каде што е можно кампување.

Добро е да знаете дека ако одите на ова пешачење, нема да бидете целосно на милост и немилост на дивината, а сепак ќе го доживеете најдоброто од него.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
casibom giriş   casibom   betgaranti   betebet   betebet   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   mrking   mrking   mrking   betebet   betebet   superbet   superbet   superbet   superbet   mrking   mrking   casibom   casinoper   bahisnow   casibom   betgaranti   betgaranti   slotbar   slotbar   onwin   onwin   rexbet   rexbet