Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Таа е новата девојка на Бредли Купер! Беше девица до 32 години, а нејзиниот поранешен сопруг и го уништи Животот не само нејзиниот туку и на Хилари Клинтон…

Како што пренесуваат американските медиуми, холивудскиот актер Бредли Купер е во првата сериозна врска по раскинувањето со руската манекенка Ирина Шајк, со која има ќерка.

Американскиот актер Бредли Купер (47) зад себе има еден краток брак и многу љубовни врски, а најголемата ја имаше со манекенката Ирина Шајк со која ја има ќерката Леа де Сена.

По четири години љубов, Бредли и Ирина раскинаа во 2019 година и оттогаш имаат извонредна врска – толку добро се сложуваат што њујоршките папараци постојано ја фотографирале Русинката како излегува од неговиот стан, а во еден момент тие дури одеа држејќи се за раце.

Поради ова постојано се шпекулираше дека парот се смирил, но сега пристигнуваат вести дека Бредли е среќно вљубен во друга жена, исто така позната на американската јавност.

Според порталот Page Six, новата девојка на Бредли Купер е политичарката со индиско-пакистанско потекло, Хума Абедин (45), најблиската асистентка на поранешната прва дама, државен секретар и кандидат за претседател на САД.

Двојката наводно ја запознала Ана Винтур, уредничката на магазинот „Vogue“.

— Ана играше посредник.Таа е пријателка на Бредли, а ја обожава Хума, изјави извор близок до актерот.

Како што додаде друг извор, оваа врска трае веќе некое време, а дури неодамна беше откриено бидејќи до пред извесно време Бредли Купер се гледал со актерката Дијана Агрон.

  • Бредли се забавува со Хума веќе неколку месеци, и двајцата тоа го кријат. Тој раскинал со својата колешка Дијана Агрон и веднаш почнал да се гледа со Хума – објаснил неименуваниот извор.

Наводно, Хума прави се за да скрие кој и го украл срцето, па дури и на најблиските пријатели им кажала дека има момче и не им го открила неговиот идентитет.

  • Тие се совршени еден за друг – верува изворот.

Хума Абедин, инаку, во ноември минатата година ги објави своите мемоари „Both/And: A Life in Many Worlds“, во кои сподели интересни детали за нејзиниот живот. Имено, таа е многу религиозна муслиманка, па невиноста ја задржала до 32-та година, кога се омажила за Ентони Вајнер, американски демократ кој 12 години го претставувал округот на државата Њујорк во Конгресот.

Тој ја напушти оваа позиција по скандалот: додека Хума беше во друга состојба, Вајнер на жените им испраќаше непримерни фотографии и пораки преку Твитер.

Ова неповратно го наруши нејзиниот углед на феминистка и борец за правата на злоупотребените жени, поради што тој поднесе оставка од Конгресот во 2011 година.
Пет години подоцна, тој повторно беше фатен како испраќа непристојни зборови кон жените, па дури и испрати гола фотографија на која лежи во кревет со неговиот и синот на Хума. Набргу потоа, Њујорк Тајмс објави дека парот се разведува.

  • По долго и болно размислување и работа на мојот брак, решив да се разделам од мојот сопруг. Јас и Ентони ќе останеме посветени да го правиме најдоброто за нашиот син, кој е светлината на нашите животи – нагласи тогаш Хума.

Веднаш потоа се појавија тврдења дека Вајнер испратил несоодветни пораки на петнаесетгодишно девојче, а во текот на истрагата му биле одземени уредите за комуникација. Контроверзните мејлови кои Хилари Клинтон ги испраќала од приватна адреса наместо од заштитена, биле пронајдени на неговиот лаптоп, што доведе до покренување истрага 11 дена пред претседателските избори, за кои Клинтон наводно верува дека е главната причина поради која изгубила од Доналд Трамп.

Во секој случај, Вајнер беше осуден на затвор од 21 до 27 месеци, која ја одлежа и е на слобода од 2019 година.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement