Иако процесот на стареење може да се „забави“ со правилна нега на кожата, како и со некои производи и третмани, добро е да се знае дека и храната ја имаме како сојузник во борбата против годините.
Паралелно со постојаната хидратација на телото, добро е да му обезбедите и некои хранливи намирници, пред се овошје и зеленчук. Дерматолозите д-р Мариза Гаршик и д-р Пол Жарод Франк избраа овошје за кое и двајцата веруваат дека можат да бидат корисни кога станува збор за забавување на процесот на стареење на кожата, пишува MSN.
- ЦИТРУСНО ОВОШЈЕ
Како што можеби веќе знаете, тие се полни со витамин Ц, па на секој кој сака да го одложи појавувањето на брчките им се советува да јаде што повеќе лимони, портокали, кумквати и грејпфрут.
– Познато е дека витаминот Ц го стимулира производството на колаген, кој помага да се подобри целокупниот изглед на фините линии и брчките.
- БОРОВИНКИ
Дополнително, д-р Френк вели дека боровинките се особено богати со витамините А и Ц, па како такви го спречуваат предвременото губење на колагенот.Покрај тоа, тие имаат и многу антиоксиданси кои можат да ја одржат вашата кожа хидрирана и блескава.

- ЈАБОЛКА
Тие се богати со витамини А, Ц и Е, кои го штитат телото од слободните радикали одговорни за стареењето на кожата. Тие исто така содржат пектин, кој го подобрува тонот на кожата и го намалува ризикот од предвремени брчки. Се препорачува да се зема едно јаболко дневно.
