Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Има 58 години, владееше со модните писти, а сè уште гордо го носи прекарот „Тело“…

Ел Мекферсон има 58 години, а кога ќе го погледнете нејзиното тело и лице, ќе помислите дека изгледа најмалку двојно помладо од неа.

Супермоделот Ел Мекферсон по потекло од Австралија го добила прекарот „Тело“ за време на нејзините манекенски години.

Иако е во шестата деценија од животот, сепак гордо го носи прекарот кој и го дадоа пред многу години, кога почна да се занимава со манекенство.

Ел е мајка на два сина, а во една прилика ја откри тајната на нејзиниот совршен изглед, кој не избледува со годините.

Доволно часови сон, многу вода (дури и три литри на ден) и нега на кожата – ја открила својата тајна Ел.Редовно користам пилинг и ја хидрирам кожата и телото и внатре и надвор. Тоа ми е навистина важно – изјави еднаш Ел.

Ел долго време е на алкална диета и вели дека нејзините нозе се витки благодарение на диетата базирана на многу зеленчук и вода.

Во алкалната исхрана потребно е да се отстрани вишокот протеини, јаглехидрати и кофеин од организмот, што се постигнува со основната храна. Сето ова е причината зошто алкалната диета се препорачува за секој кој е изложен на голем стрес, како и за оние кои јадат големи количини месо, млечни производи и друга индустриски преработена храна.

Ел е свесна колку е важна физичката активност за добар изглед и младост. Постојано е во движење, па дури и кога нема време за вежбање, само оди.

  • Треба да најдете најмалку 45 минути за движење, дури и ако е нешто едноставно. Прошетајте го кучето, оставете го автомобилот дома и пешки до работа – советувала таа.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement