Поранешната манекенка уште еднаш им одржа лекција по мода на многу жени од високото општество.
Сопругата на Никола Саркози, поранешниот претседател на Франција, Карла Бруни уште еднаш покажа дека повеќе е помалку.
Со својот едноставен црн фустан од познатата модна куќа Сен Лоран, Карла ги засени сите на престижниот настан Diner Da La Mode во Париз.
Фустанот во крој на сирена одлично ги истакна нејзините облини, а она што сите го забележаа е дека и по многу години манекенката има идеална фигура.
За да ја разбие монотонијата, Карла реши да стави накит во златна боја, што на целиот аутфит му даде доза на елеганција, што е и очекувано кога е во прашање модната недела во Париз.
Да потсетиме, Карла Бруни на прв поглед го освои срцето на поранешниот претседател на Франција. Три месеци откако стапија во врска, парот се венча на големо изненадување на француската јавност.

Сепак, од 2007 година Саркози и Бруни не се разделуваат и често можеме да ги видиме заедно на разни модни и други јавни настани низ Франција.



