Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Бред Пит искрено зборуваше за својата борба со алкохолот, но и шокираше со изјавата дека пати од ретко невролошко нарушување…

Во неодамнешното интервју за магазинот GQ, холивудскиот актер Бред Пит искрено зборуваше за неговата борба со зависноста од алкохол, за потрагата по непостоечко богатство во Франција, но многумина беа шокирани од неговата исповед за здравјето…

Познатиот американски актер, 58-годишниот Бред Пит, својата холивудска кариера ја изгради играјќи различни ликови, но се чини дека неговата способност да запомни имиња и лица во реалниот живот е потешка отколку да се сеќава на текстовите на неговите ликови. Имено, тој неодамна изјави дека боледува од ретко пореметување наречено просопагнозија.

Според Националниот институт за невролошки нарушувања, прозопагнозијата се карактеризира со неможност да се препознаат лицата, а се нарекува и „слепило на лицето“ или „агнозија на лицето“.

Во интервју за GQ, познатиот актер објасни дека многумина го сметаат зА арогантен поради оваа причина, но објаснува дека тоа е затоа што едноставно не ги препознава. Секако, тоа е голем проблем за него, особено кога треба да се сети каде и кога запознал некои луѓе.

Не постои официјална терапија за ова, но лицето кое страда од прозопагнозија може да го компензира тоа со различни техники за компензација, на пример, потпирајќи се на гласот или облеката на личноста.Поради оваа причина, ѕвездата на филмот „Once Upon a Time in Hollywood“ изјавил дека има голема желба да запознае личност која боледува од истото нарушување.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement