Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

НЕМА ДА ДОБИЕТЕ ЕМОЦИИ: Важат за најстудени, не реагираат на драма и не знаете што мислат!

Астрологијата ги открива хороскопските знаци кои се емоционално недостапни.

Ако мислите дека емотивно недостапните луѓе не влегуваат во врски, се лажете. Таквите луѓе знаат дека уживаат во сите привлечности на љубовната врска, но не сакаат да создадат вистинска блиска врска, ниту да ја покажат својата подлабока емотивна страна.

Таквите луѓе го тренираат својот ум како да ги толкуваат емоционалните работи и остануваат целосно ладни во многу ситуации кои би ги вознемириле другите. Тие не реагираат на никаков хаос, а многумина велат дека имаат „ледено срце“.

Еве за кои знаци се работи:

Стрелец
Стрелците се слободоумни луѓе кои го обожаваат животот без никакви ограничувања. Ова е причината зошто тие секогаш ја кријат својата чувствителна страна. Овие луѓе не сакаат никаков вид приврзаност кон места, работи и луѓе кои ги кочат, бидејќи се премногу егоцентрични и само сакаат да се фокусираат на својата страст и амбиција.

Водолија
Како воздушен знак, Водолијата е неконвенционална, неконтролирана и дива во срцето. Родените во овој хороскопски знак се исклучително талентирани и го користат своето логично размислување за да ги решат сите свои проблеми. Тие целосно ја елиминираат својата емотивна страна и се чувствуваат крајно непријатно кога слушаат болни и емотивни приказни на други луѓе.

Девица
Овој знак е аналитички, силен и тврд како земја. Девицата не сака да биде контролирана. Луѓето родени во овој хороскопски знак сакаат само да се фокусираат на својата кариера, цел и амбиција, па затоа секогаш остануваат организирани и конкретни. Затоа на многумина им делуваат ладно, но вистината е дека Девицата е прилично емотивна личност која тоа вешто го крие.

Бик
Бикот не сака кога некој ќе им застане на патот. Овие луѓе се силни и тврдоглави и сакаат работите да се прават на одреден начин. Бидејќи се амбициозни и материјалисти, овие луѓе немаат доволно време да се справат со туѓите чувства. Кога ќе видат дека некој не разбира, отворено го покажуваат своето студенило, а потоа многумина им велат дека немаат емоции.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement