Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Хејли Бибер ги покажа своите омилени дизајнерски парчиња и докажа дека може да изгледа тотално шик во најосновната верзија…

Американскиот модел Хејли Бибер изминативе недели е видена во предизвикувачки изданија, а сега реши да им се врати на омилените основни парчиња. Американската убавица прошета со одличен стајлинг околу безвременските фармерки и спортската „качулка“ и докажа дека кежуал и шик навистина одат заедно…

Сопругата на поп-ѕвездата Џастин Бибер, 25-годишната Хејли Бибер е видена како излегува од популарниот ресторан Нобу во Малибу, а со своето лежерно издание уште еднаш потврди дека ја разбира модата.

Згодната манекенка својот стајлинг го заснова на фармерки со широки ногавици, кои се здобија со статус на модна класика и кроп топ дуксер, кој редовно го вградува во нејзините спортски изданија. Конкретно, станува збор за фармерки со потпис на брендот Beaufille, додека непогрешливото црно дуксче го потпишува познатиот луксузен моден бренд Balenciaga.

Остатокот од својот стајлинг Хејли го заокружи со парчиња и аксесоари кои го носат потписот на шпанскиот моден гигант кој го обожуваат трендсетерките, па прошета во спортски патики со испрекинати сини линии кои комбинираат спортски шик и удобност карактеристични за оваа модна куќа.

Завршувањето на овој генијален изглед беа минијатурните очила за сонце, кои веќе станаа своевиден заштитен знак за згодниот модел.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement