Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

ДИЕТАТА НА КЛОЕ КАРДАШИЈАН СО КОЈА ДРАСТИЧНО СЕ ТРАНСФОРМИРАШЕ: Со овој режим ослабела дури 27 килограми…

Клои Кардашијан денес изгледа речиси непрепознатливо, сето тоа затоа што по бременоста ослабела 27 килограми.

По бременоста и стресниот период (изневерувањето на Тристан Томпсон), Клои Кардашијан сериозно се посвети на диетата и тренинзите, поради што денес нејзиното тело го нарекуваат и „одмаздољубиво“.

За тоа е заслужен нејзиниот личен тренер,таа иако ослабе 27 килограми, најавува дека нема намера да го прекине режимот пред се затоа што се чувствува поздраво и подобро во сопствената кожа. Истиот тренер ја тренира и Ким Кардашијан, па не е чудно што и двете сестри драстично ја трансформираа својата фигура.

Подолу ви пренесуваме сè за тоа.

„Паметна диета“
Додека Клои ги сака своите тренинзи,таа исто така се држи до здрава, хранлива и „паметна“ храна кога станува збор за нејзината секојдневна исхрана.

Храната служи за градење мускулна маса, што значи дека и треба храна богата со протеини. Исхраната на Клои Кардашијан е богата со масна риба, посно црвено месо, кафеав или бел ориз, слатки компири, овесна каша, киноа и леќа. Овој тип на диета помага напорниот тренинг за да се постигне оптимален резултат кој е многу брзо видлив и долготраен.

Што не е на планот за исхрана? Одговорот е едноставен, бел леб, колачи, тешки јаглехидрати, колачи и сендвичи.

HIIT тренинзи
Тренинзите на Клои се исклучително напорни, структурирани и нема прескокнување. Се грижи секој ден да е на тренинзи и од ден на ден да се подобрува, за да ги постигне посакуваните резултати.

Може да претпоставите дека нејзините тренинзи се состојат од вежби со висок интензитет и со високи повторувања. Клои прави комбинација од кардио, вежби за сила (раце, нозе, стомачни); склекови, мртво кревање и разни видови на чучњеви.

Без газирани сокови
Пред неколку години, таа рече „не“ на газираните пијалоци и ослабе околу пет килограми. Тој период беше исполнет со желби за газирани пијалаци, но Клои го надмина тоа за да ја постигне првичната цел, целосна промена на нејзиниот физички изглед.

Клои тврди дека секоја штетна храна може да се замени со здрава, па решила газираните пијалоци да ги замени со здрави овошни сокови и протеински шејкови.

Храната бара од вас да одвоите време
Многу луѓе бараат изговори за непридржување кон одредени режими на исхрана, но Клои вели дека најголемата промена и го донела токму спротивното и упорно размислување.

Таа има подготвено оброци и верно ги следи. Исто така, тој се обидува секој ден да внесе оптимална количина на вода во телото. Се е испланирано и се знае што во кое време се внесува во организмот. Повеќе не и се случува да прескокне оброк или да заборави да донесе шише вода пред да излезе од дома.

Клучот е во протеините
Нејзиниот план за исхрана вклучува оброци пред и после теретана. По тренингот внесува што е можно повеќе протеини, за мускулите да и бидат поздрави и посилни.

Клои верува дека она што го јадете после тренинг е исклучително важно бидејќи тоа ќе го направи или наруши вашиот напредок. Нејзиниот избор после тренинг е: две јајца, овесна каша и/или некој вид свежо овошје.

Внимателно со напредокот
Конечно, важно е да имате трпение кога станува збор за напредок. На почетокот ќе бидете амбициозни, но тоа нема да трае долго. Внимавајте да не се предадете на искушенијата и мрзеливоста. Треба да се држите до планот бидејќи само упорноста и трпението ќе ве доведат до голем напредок.

Не се откажувајте и ќе ги постигнете најголемите цели.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
betsat   betsat   betsat   betsat   betsat   mrking   holiganbet   betparibu   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   casibom giriş   casibom   betgaranti   betebet   betebet   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   mrking   mrking   mrking   betebet   betebet   superbet   superbet   superbet   superbet   mrking   mrking   casibom   casinoper   bahisnow   casibom   betgaranti   betgaranti   slotbar   slotbar   onwin   onwin   rexbet   rexbet