Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

14 најдобри состојки за смути за слабеење плус 4 рецепти…

Исклучително е важно со кои состојки се подготвуваат висококвалитетни смути, па дури е лесно да се добие и контраефект.Со внимателно подготвено домашно смути ќе му дадете на вашето тело хранливи материи кои го потиснуваат гладот.Ги откриваме најдобрите состојки за здрави и хранливи смути и носи одлични рецепти,се прави од здрави состојки. Ако додадете погрешни состојки во вашето смути, како што се шеќер или некои други неадекватни состојки, може да добиете контра-ефект, бидејќи таквите состојки ќе ви го подигнат шеќерот во крвта и ќе сакате да јадете нешто наскоро откако ќе го испиете смутито, со што ќе консумирате повеќе калории отколку што сте планирале. Со овие здрави и вкусни рецепти за домашни смути, можете да му дадете на вашето тело специфични хранливи материи кои го потиснуваат гладот, се борат со мастите и промовираат губење на тежината. Некои од најдобрите состојки:

Кељ – и покрај тоа што е многу нискокалоричен, кељот е полн со антиоксиданси. Ова може да помогне при воспаление и на крајот со губење на тежината.

Спанаќ – со својот благ вкус, нема причина да не го додадете во секој рецепт за зелено смути. Полн е со витамини, се бори против ракот и го поддржува здравјето на коските.

Боровинки – јадењето бобинки наутро го контролира вашиот апетит подоцна. Боровинките се меѓу овошјата кои содржат најголема количина на антиоксиданси.

Јагоди – содржат повеќе витамин Ц од портокалите, но и помалку шеќер! Грчки јогурт – изберете го како основа за смути и ќе си обезбедите високо ниво на протеини а со тоа и подолго чувство на ситост.

Краставица – речиси целосно вода, краставиците сè уште делуваат како моќна состојка за детоксикација поради нивните диуретични својства.

Лимон и лимета – освен што имаат детоксикативно дејство, го намалуваат горчливиот вкус на зелениот зеленчук.

Банана – совршена за смути за појадок, бананите ја намалуваат надуеноста и се добри за варење.Со сета сладост даваат и чувство на ситост и содржат значително количество калиум. Куркума – делува противвоспалително и им дава посебен вкус на јадењата и пијалоците.,

Ѓумбирот – одлична помош во варењето, ѓумбирот исто така ја зајакнува функцијата на имунитетот и го подобрува вкусот на пијалоците.

Билки – свежите билки како нане и магдонос додаваат одличен вкус. Тие се одличен извор на витамини А, Ц и железо, а магдоносот е познат диуретик. Чиа семиња, семки од коноп и лен – кога ви се потребни влакна и омега 3 масни киселини, посегнете по овие семиња, и тие ќе ви дадат чувство на ситост.

Протеински прав – Не сите протеински прашоци се создадени еднакви, но некои се почисти од другите. Покрај протеинот од сурутка, има и многу здрави протеини добиени од растенија. При изборот на протеински прав, изберете без вештачки вкусови, додадени шеќери и нездрави масти.

Какао – или поточно какао во прав е полн со хранливи материи корисни за здравјето. Од намалување на воспалението до управување со нивото на гликоза, малку какао може да обезбеди многу здраво задоволство.

  • Црвено смути за слабеење
  • шолја јагоди
  • 1/2 банана
  • 1/4 шолја овесна каша
  • 2 лажици сурови јаткасти плодови
  • шолја грчки јогурт
  • лажица чиа семе.
  • Зелено смути за слабеење
  • 2 чаши суров кељ
  • 1/4 шолја ананас
  • 3/4 шолја бадеми
  • банана
  • лажица мед
  • 1/4 чаша грчки јогурт
  • 2 лажици путер од кикирики.
  • Жолто смути за слабеење
  • 1/2 шолја манго
  • 1/2 шолја банана
  • незасладено бадемово млеко
  • 1/2 лажичка куркума
  • ѓумбир 1/2 лажица
  • цимет лажица
  • чиа семки
  • лажица мед.
  • Темно смути за слабеење
  • шолја спанаќ
  • банана шолја
  • незасладено бадемово млеко
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • 2 лажици какао
  • 3 лажици чиа семе.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement