Фитнес салатата на Џулиja Робертс е една од тајните на нејзиниот совршен изглед.Иако генетиката е првенствено одговорна за добриот изглед на многу познати фаци, има и такви кои вложуваат огромен труд за да изгледаат убаво. Една од оние кои оставаат без здив со својот изглед е 54-годишната Џулија Робертс, а витката фигура ја одржува благодарение на напорните тренинзи и здравата исхрана.
Џулија редовно тренира со славната фитнес инструкторка Кети Келер, која и дизајнираше здрави оброци кои не само што и даваат енергија да ги помине тешките снимања и ја одржуваат сита долго време, туку се и неверојатно вкусни и лесни за подготовка.
Затоа не е чудно што омилената салата на Џулија Робертс, таканаречената „фитнес салата“, стана вирална речиси преку ноќ, најмногу затоа што и помага да остане во форма, а состојките нема да ви ги „одземат“ сите пари од џебот.

За салатата ви се потребни селедните состојки:
1 конзерва наут (425 g)
1 китка бебешки спанаќ
2-3 моркови
1 шака ореви
80 гр фета сирење
бибер
За прелив:
3 лажички оцет
1 лажичка Дижон сенф
80 мл маслиново масло
сол
Подготовка:
Наутот ставете го во цедалка добро да се исцеди. Потоа добро исплакнете ги под ладна вода додека да нема повеќе пена. Повторно добро исцедете ги, а потоа истурете ги во сад за салата.
Следува подготовка на преливот, па во помал сад треба да измешате оцет, сенф, сол и бибер во кој многу полека ќе додавате маслиново масло додека сè убаво не се соедини.

Потоа во наутот додадете ги спанаќот и морковот, измешајте, па покријте со преливот. Измешајте фета и ореви и зачинете ја салатата со сол и бибер.
