Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

ЛИНДСИ ЛОХАН: „Се омажив. СЕКОЈА ЖЕНА ТРЕБА ДА СЕ ЧУВСТВУВА ВАКА СЕКОЈ ДЕН’…

Американската актерка го одржа зборот дека нема да прави голем настан по повод својата венчавка со финансиерот Бадер Шамас, со кој е во врска повеќе од две години, туку само ќе ја објави среќната вест, без детали за церемонијата.

Американската актерка Линдзи Лохан го одржа зборот дека никогаш нема да биде невеста чија венчавка ќе биде толку грандиозна за да го заслужи не толку ласкавиот прекар  “bridezila” или во превод премногу захтевна и нереална невеста. Кога во ноември минатата година се пофали со својата свршувачка со познатиот финансиер Бадер Шамас, на своите фанови им порача дека нема да прави циркус од нејзиниот најубав ден. Така и беше: на својот Инстаграм профил минатиот петок објави дека се омажила, пренесува People. Таа не соопшти детали за церемонијата, венчаницата, заветите, букетот, бурмите, кој дошол на нејзината свадба, каде ќе оди на меден месец? Таа откри само неколку реченици од една кратка објава, но нејзините обожаватели не ѝ држат лутина. Среќни се што конечно ја нашла љубовта.

“Јас сум најсреќната жена на светот. Не затоа што ми треба маж, туку затоа што ме најде и знаеше дека сакам да најдам среќа и благодет. Восхитена сум што тој е мојот сопруг. Мојот живот и се. Секоја жена треба да се чувствува вака секој ден“, напиша актерката.

Ѕвездата од филмот „Семејни правила“, која за малку ќе ја уништеше кариерата поради зависноста од алкохол и дрога, пред осум години се преселила во Дубаи, каде нашла инвеститори за нејзиниот нов проект, ноќни клубови во Атина, Дубаи и Њујорк.

Минатата година се врати на актерството: го сними романтичниот божиќен филм „Falling for Christmas“ за Нетфликс и се претстави како нова Линдзи која конечно се ослободи од старите пороци. Дел од заслугата за тоа изгледа има и нејзиниот сопруг, кувајтски финансиер кој живее и работи во Дубаи, каде што се запознале. 36-годишната актерка пред две години, на рок концерт во тој град, откри дека се забавува со згодниот Бадер Шамас, една година помладиот од неа, потпретседател на тамошната филијала Credit Suisse. Во описот на објавата на некогаш најголемата холивудска забава девојка (зад неа се бројни апсења за возење во пијана состојба, позитивни нарко-тестови и присилно повлекување), имаше само два збора: „Волшебна ноќ“. Нејзината венчавка, каде што отвори нова, посреќна страница во животот – со многу љубов и без опијати, сигурно била исто толку магична.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement