Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

СЕСТРИТЕ ХАДИД МОЖАТ СЕКОЈА ПРОМЕНА ДА ЈА ПРИФАТАТ: СО ИЗБРИЧЕНИ ГЛАВИ ПРОДЕФИЛИРАА НА РЕВИЈАТА НА ПОЗНАТИТЕ ДИЗАЈНЕРИ…

Ревијата на Marc Jacobs се одржа во Јавната библиотека во Њујорк, а самиот дизајнер во описот на новата колекција откри дека е инспириран од неизвесното време во кое живееме.

Џиџи и Бела Хадид повторно изненадија со својот камелеонски стил! Сестрите супермодели овојпат носеа ревија на Marc Jacobs за есента 2022 година, а покрај футуристичките аутфити на дизајнерот,сестрите Хадид “исфураа” и многу ексцентрични фризури.

Девојките, познати по бујните промени од кафена и руса коса, се појавија како бринети, но со избричени глави и пренагласени кратки шишки. Џиџи и Бела уште еднаш покажаа дека се вистински модни камелеони, кои за еден ден можат да скокнат од класична „шминкана“ облека и стил во панк-шик со доза на пост-апокалиптичен гламур – каква што е новата колекција на Jacobs.

Иако девојките ги шокираа присутните со нивното појавување на пистата, бидејќи нивните фризури беа толку убедливи што многумина се прашуваа што ќе прават сега сестрите со полубричените глави, подоцна открија за што се работи. Овој напнат изглед го постигнаа фризерите со помош на протетика, откри самата Бела во објава на Инстаграм. Џиџи објави серија фотографии од шоуто, со нејзината „нова“ фризура со коментар: „Се за Марк“.

Ова шоу на познатиот дизајнер, кое се емитуваше во живо на Тајмс Сквер, го посетија многу познати личности, меѓу кои и уредничката на Vogue, Ана Винтур и манекенката Емили Ратајковски.

Ревијата се одржа во Јавната библиотека во Њујорк, а самиот дизајнер во описот на новата колекција откри дека е инспириран од несигурните времиња во кои живееме, нестабилните ресурси, непредвидливите пречки како и новите стандарди во реалноста. За дизајнерот, креативноста е основна работа во животот.

Продолжувајќи со последните две колекции,Jacobs ги турна дистописките форми уште подалеку, комбинирајќи ги силуетите на спортската облека со сензибилитетот на високата мода со помош на интригантни материјали што ги користел во колекцијата – ПВЦ, гума, пластика, гипс, стакло, фолија и многу други.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement