Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Омилениот заводник деновиве не се препознава лесно, трагите на замор и исцрпеност на лицето не можат да се сокријат…

Хју Грант е снимен на сетот на неговиот нов филм „UnFrosted“, кој се снима во Лос Анџелес.

Британскиот актер и ѕвезда на многубројните романтични комедии Хју Грант моментално го снима својот нов филм наречен „UnFrosted“, на чиј сет беше фатен од дежурните папараци во Лос Анџелес.

61-годишниот Хју е снимен пред својот трејлер додека се уште има шминка на лицето, но и очигледен замор и исцрпеност, кои не можел да ги сокрие.

Шармантниот Британец се прослави ширум светот по улогите на згодни заводници во романтични комедии, кои всушност ја одбележаа неговата актерска кариера. Но, 58-годишниот женски миленик еднаш рече дека мисли дека станал премногу стар за безгрижно да прифаќа такви улоги.

Во интервју за Холивуд Репортер, Хју призна дека многу од главните улоги што ги играл во популарните филмови му оставиле одредени комплекси.

Станав премногу стар, премногу грд и премногу дебел за да снимам такви улоги, па сега се занимавам со некои други работи“, рече тој.

Додаде дека понекогаш се чувствува како да е заробен во кутија поради сличните ликови кои ги отелотворува, но се пошегува и на своја сметка признавајќи дека не може да се жали на парите што ги заработил благодарение на нив.

“Ми плаќаа огромни суми пари. Бев многу среќен. И можам да ги гледам повеќето од овие романтични комедии, една или две ми се шокантни, но главно можам да ги гледам и луѓето ги сакаат. И верувам дека главната задача на ние актерите треба да ги забавуваме другите“, објасни Хју.

На прашањето за славата и успехот на самиот почеток на кариерата, Хју одговори дека освен романтичните филмови би сакал да проба и други жанрови, за кои сега има можност во филмот „UnFrosted“ во режија на Џери Сајнфелд.

„Требаше да донесам поинтересни одлуки и да правам различни работи. Наместо тоа, веројатно 17 пати по ред се повторував во речиси идентични улоги“, признал тој.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement