Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

И МАЖИТЕ СТАРЕАТ ПА СЕ УШТЕ ГИ САКАМЕ: 5 мудри совети од Енди Мекдауел која не се чувствува постара, туку позрела…

Енди Мекдауел не верува во стареење туку во созревање.

Од нејзините појавувања на големото платно во „Секс, лаги и видео снимка“, преку „4 свадби и погреб“ и „Ден на грмушката“ до серијата „Слугинката“ во која глумеше со нејзината ќерка Маргарет Квали, Енди Мекдауел со децении нè фасцинираше со широк спектар на нејзиниот актерски талент.

Како амбасадорка на L’Oreal повеќе од неверојатни 35 години, Енди покажува како убавината не познава години, а ова се нејзините 5 животни совети за поздрав однос со себе, вашето тело и околината.

За стареењето
„Како што минуваат годините, го претпочитам зборот „зрелост“ наместо „старост“. Се чувствувам подобро од кога било – самоуверено и удобно во мојата кожа. Тоа е една од причините зошто не се плашам од стареење“, вели Енди Мекдауел. „Мислам дека жените се уморни од идејата дека не можат да остареат и да бидат убави. Мажите стареат, па ние сè уште ги сакаме. Сакам да бидам како маж. Не мора да се подложувате на процедури за да бидете сметани за убави“, изјави таа за Зои Репорт, а тие ставови ги поддржа со фактот дека престана да ја бојадисува косата во пандемијата и се гордее со својот изглед.

За траумите
Енди Мекдауел пораснала со мајка која се борела со биполарно растројство и алкохолизам, па своето детство го поминала грижејќи се за неа. „Тешко е да се ослободите од тој ПТСН. Останува во вашите коски и во вашиот нервен систем. Но, јас гледам на тоа од позитивна страна: можам да го искористам тоа. Тоа го работеше во својата работа, а тоа особено се гледа во улогата на Пола во серијата „Слугинката“ (на мајка ѝ Полин прекарот беше Пола), а таа вели дека денес повеќе не чувствува лутина. „Сочувствувам. Тоа е ужасна болест“.

За здравјето
„Состојбата на умот е многу важна. Многу пешачам. Се трудам да останам повеке време на свеж воздух. Природата ми е многу важна бидејќи она што го чувствуваш се рефлектира на твоето лице. Ако се чувствувате смирени, тоа се гледа на вашето лице и во вашите очи. Исто така, многу вежбам јога. Се посветувам на јогата затоа што ја гледам разликата што ја прави на моето тело, го прави силно. Успеав да ги задржам мускулите и покрај стареењето. Но, тоа е и мирна состојба на умот“, изјави таа за Southern Living. Покрај планинарењето и вежбањето, таа прави и вежби за дишење против анксиозност и практикува звучна терапија.

За исхраната
„Идејата дека мастите се нездрави е застарена. Толку многу шеќер се внесува во храната, но поважно е да се намали внесот на шеќер отколку маснотии. Мастите се добри за кожата – здрави масти како авокадо, маслиново масло и путер. Користам креми и масла за лице, но внимавам и она што го внесувам да има разлика. Мора да го негувате вашето тело внатре и надвор.

За советите што им ги дала на децата
Енди Мекдауел има три деца: ќерките Маргарет и Рејни тргнаа по стапките на нивната мајка во актерските води, а синот е во недвижнини, а најважното нешто што сакаше да им го всади со воспитувањето е самодовербата и независноста. „На младите жени им е лесно да се чувствуваат беспомошни и да се грижат дека не се доволно добри. Не сакав моите деца никогаш да се чувствуваат така“, рече Енди, додавајќи дека мислењето на нејзините деца и е најважно: „Моите деца гледаат на мене и без разлика колку негативни коментари ќе наидам, нивното мислење е единственото. нешто што ми е важно.’

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
betsat   betsat   betsat   betsat   betsat   mrking   holiganbet   betparibu   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   casibom giriş   casibom   betgaranti   betebet   betebet   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   mrking   mrking   mrking   betebet   betebet   superbet   superbet   superbet   superbet   mrking   mrking   casibom   casinoper   bahisnow   casibom   betgaranti   betgaranti   slotbar   slotbar   onwin   onwin   rexbet   rexbet