Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

СИНОТ НА МАСК СТАНУВА ЖЕНА: Бара од судот да му го смени полот, а ПОРАДИ ОВА сака да му се одмазди на БОГАТИОТ ТАТКО!

Синот на Илон Маск, Ксавиер (18) поднел барање за официјално промена на полот и името во личните документи за наводно да се огради од својот познат, многу богат татко.

Осумнаесетгодишниот Ксавиер Маск сака отсега да биде Вивиен Џена Вилсон,ќе го одбие презимето на татко му и ќе го земе презимето на неговата мајка, канадска писателка Џастин Вилсон. Во кратката изјава тој објави дека го менува своето име за „никогаш на ниту еден начин да не биде поврзан со својот биолошки татко“, пренесува Мондо.

Мајката на Ксавиер, Џастин, беше во брак со Илон Маск од 2000 до 2008 година и првпат добија син во 2002 година, но бебето за жал почина десет дена подоцна од синдром на ненадејна смрт. Потоа ги добија близнаците Ксавиер и Грифин, како и тројките Кеј, Саксон и Демиен.

Децата на Илон Маск се кријат од јавноста, па малку се знае за нив, а не се знае дали најбогатиот човек на светот бил упатен во планот на неговиот син да го промени полот и јавно да се откаже од него.

Ксавиер, кој во петок ќе дознае дали судот му одобрил да стане Вивиен, не го откри мотивот за откажување од татко му. Но, британските медиуми јавуваат дека ваквата одлука е предизвикана од трансфобичните коментари на Маск кои ги дал во претходните неколку недели.

„Кога некој ќе стави други заменки во своето CV“, напиша Маск со навредлива слика, мислејќи на правото на трансродовите лица да бараат да им се обраќаат со заменките за пол што ги избрале или неутрални „тие“. За последната варијанта се одлучи и ќерката Џенифер Лопез која предизвика бурни реакции кога нејзината мајка ја нарече родово неутрална заменка – тие.

„Постојано ни кажуваат дека половите не постојат, а од друга страна дека постојат и се толку различни што неповратната операција е единствената опција. Ако некој попаметен од мене би можел да ми го објасни ова“, напиша неодамна Маск на Твитер.

Не е познато ниту дали Маск финансиски им помага на децата кои ги имал со првата сопруга, со помош на богатство проценето на 213 милијарди долари.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement