Неодамна ја видовме Маргот Роби како „несовршената“ Барби во новиот филм за позната кукла, а изгледот на Гослинг е уште поинтересен!
Филмот за познатата кукла Барби се подготвува долго време, а за него не се знае многу, освен дека насловните улоги на Барби и Кен ги толкуваат Маргот Роби и Рајан Гослинг. Него ќе го режира Грета Гервиг, позната по филмот „Малите жени“, а сценариото го напиша со нејзиниот партнер Ноа Баумбах, со кој веќе работеше на филмовите „Франсис Ха“ и „Љубовница Америка“.
Единствено што знаеме е дека филмот ќе биде за „недоволно совршената кукла Барби“ (Маргот Роби) која се осмели да се впушти во реалниот свет и бројните авантури. Самата главна актерка објави: „Што и да мислите за филмот досега, ние ќе ви дадеме нешто сосема друго, нешто што не сте знаеле дека го сакате“.

А она што не знаевме дека го сакаме, но несомнено нè наведува да се радуваме на премиерата на овој розов спектакл е и фотографија на Рајан Гослинг како Кен. 41-годишниот актер со изветвена коса, исончана кожа, во тексас елек,боксерки на кои пишува „Кен“ наместо „Calvin Klein“, гарантира дека тоа е забавен филм дури и пред да видиме минута од филмот, но за тоа ќе мора да бидеме трпеливи, бидејќи премиерата беше најавена дури на 21 јули 2023 година.
