Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

СИТЕ ЗБОРУВААТ ЗА ТАЈНАТА СВАДБА НА ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ И БЕН АФЛЕК: Погледнете ги деталите од романтичната церемонија на езерото…

Според извори, Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчале пред неколку дена во хотелот Риц-Карлтон.

Деновиве странските медиуми шпекулираат дека Џенифер Лопез наводно на приватна церемонија се омажила за холивудскиот актер Бен Афлек. Познатиот пар кој ја обнови врската по 20 години неодамна се сврши, а сега се наведува дека се венчале. За овој важен ден Џенифер и Бен избраа локација од бајките скриена од љубопитните очи и медиумското внимание.

Тоа е хотелот Риц-Рејнолдс опкружен со бујни врвови на дрвја со фантастичен поглед на езерото Окони, Џорџија.

Дека церемонијата навистина се одржала потврдиле и хотелските работници кои додале дека вработените, но и гостите на свадбата морале да потпишат договор за доверливост.Фотографиите од церемонијата се уште не се достапни за јавноста, но се шпекулира дека парот ги продал на магазин, кој ексклузивно ќе ги објави во следните неколку дена.

Исто така, списокот на гости не е познат, но се споменува дека меѓу нив бил и поранешниот сопруг на латино дивата – Марк Ентони, со кој Џенифер доби близнаци, а со кој се уште е пријател.

Многумина коментираа дека „Бенифер“ го повторил „сценариото“ од пред речиси 20 години, кога ги измамиле медиумите за да ја задржат венчавката во тајност. Тогаш дури организираа статисти кои ќе ги глумат Бен и Џенифер, додека тие судбоносно кажуваат „да“ на друга локација.

За жал, поради преголем притисок, нивната врска пропадна само 4 дена пред свадбата. Сега се вели дека овој пат целата приказна ја одработиле до крај и тоа далеку подобро од првиот пат.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement