Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Беше ПОЗНАТ по скандали, а сега ја продолжува традицијата: Чарли Шин ОЧАЕН за потегот на ќерка му…

Чарли Шин е планетарно популарен актер во кој се заљубивме во ситкомот Two and a Half Men, а неговиот живот е полн со турбуленции.

Чарли Шин денес е познат како еден од најконтроверзните актери.

И покрај тоа што беше најплатен ТВ актер во 2014 година, Шин јавно призна дека потрошил богатство од 150 милиони долари и за малку ќе завршил на улица како бездомник додека се борел со бројни долгови.

На самиот врв на кариерата за Чарли сè тргна надолу. Почнал да се однесува непримерно, а не поминало долго и почнале да го поврзуваат со зависност од дрога и алкохол.

На сето тоа влијаело неговото признание дека боледува од ХИВ. Почна да ја губи работата, а беше избркан од серијата во која ја толкуваше главната улога.

Сега неговата ќерка Семи Шин ја изненадува јавноста, а славниот татко малку го шокира. Имено, 18-годишната Семи направи профил на OnlyFans и ги извести фановите дека таму ќе објавува два до три објави неделно.

Таа има 18 години и живее со нејзината мајка. Тоа немаше да се случи доколку таа беше под мојот покрив – изјави Чарли по повод оваа вест.

Актерот истакна дека не го одобрува тоа, но бидејќи не може да и забрани, само апелираше профилот да биде со стил и да не го нарушува нејзиниот интегритет. Месечната претплата на нејзиниот профил е 19,99 долари.

На оваа тема зборуваше и нејзината мајка Дениз Ричардс, која истакна дека Семи сама ги носи одлуките и дека може само малку да ја води.

Да потсетиме, Чарли Шин и Дениз Ричардс се венчаа во 2002 година, но се разведоа пред раѓањето на нивната втора ќерка Лола во 2005 година.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement