Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Знаела нешто што Тој Не Знаел: Зошто Анџелина Џоли го предупредувала Џони Деп да не се жени со Амбер Херд?

По шестнеделното судење, Џони Деп успеа да се докаже и да се избори за правда, додека Амбер Херд излезе како голем губитник во целиот процес.

Џони Деп и Амбер Херд со денови ги полнат насловните страници, нивното судење се следи дури и во живо, а многу фанови со нетрпение го очекуваа крајот на овој процес.

По пресудата во корист на Деп, овој случај е се уште актуелен. Во текот на судењето се менуваа разни сведоци, се појавија нови факти, но и лаги и интриги.

Неодамнешната изјава на финансискиот менаџер на поранешниот актер беше шокантна, се испостави дека Деп водел прилично развратен живот, и дека бил опседнат со автомобили, додека за вино од целиот свет плаќал и по 30 илјади долари месечно.

Сега се појави веста дека долгогодишната пријателка на Џони, Анџелина Џоли уште од почетокот го предупредила актерот за Амбер Херд. Велат и дека таа дури му предложила да потпише предбрачен договор со Амбер, за секој случај.

Џони и Анџелина особено станаа пријатели на снимањето на филмот Турист во кој ги толкуваа главните улоги, а како што се наведува, актерката мислела дека Деп ќе западне во средовечна криза и ќе стане лесна мета на Амбер од која Џони Деп е дупло постар.

Џоли го советувала и да не се мажи за Херд, но му дала и други совети поврзани со нивната врска, но сепак се покажало дека Џони Деп сепак не сакал да ги слуша пријателите, туку решил сам да се увери.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
marsbahis   grandpashabet   casibom