Дакота Џонсон е ѕвездата на новата драма-комедија „Cha Cha Real Smooth“, чија премиера беше синоќа во Њујорк. За оваа прилика, како и речиси во сите нејзини стајлинзи, актерката се водеше од мислата „помалку е повеќе“ и воодушеви од смело издание кое комбинира елеганција и сексапил…
Модните избори на 32-годишната актерка Дакота Џонсон често се ненаметливи, а во исто време елегантни и заводливи што е тешко да не се забележат. Така беше и на синоќешната премиера на нејзиниот нов филм, за кој актерката избра спектакуларен сако-фустан и само неколку модни додатоци кои се покажаа како одличен избор.

Актерката, која се прослави со улогата во трилогијата „50 нијанси сиво“, се одлучи за кратка бела јакна-фустан која се истакнува со ефективен шлиц на грбот кој е украсен со кристали. Станува збор за модел со потпис на брендот AREA, а неговата цена е 1.659 американски долари.

Ласкавиот модел на фустанот го надополнила со црна чанта со златно синџирче, а се работи за модел ‘Jackie 1961’ со потпис на познатата италијанска модна куќа Gucci.

Дакота Џонсон го истакна овој заводлив и донекаде рокерски, но елегантен „изглед“ со сребрени ПВЦ сандали со потписот на брендот Jimmy Choo.
