Кејт Мидлтон блеска во елегантно кралско сино палто-фустан на гламурозниот настан за Денот на жартиерата.
Убавата војвотка од Кембриџ повторно не маѓепса со својот стил и непогрешлив вкус. Кејт овој пат облече кралско сино палто-фустан во кое присуствуваше на церемонијата на гламурозната прослава по повод Денот на жартиерата на престижниот Орден на жартиера од Обединетото Кралство.

Војвотката од Кембриџ беше во друштво на грофицата од Весекс, која изгледаше прекрасно во розова боја, додека Кејт ја задржа својата традиционална сина палета во фустан со ремен кој ја истакнуваше нејзината совршена фигура.

Својот совршен изглед Кејт го надополни со штикли „aquazzura“ со ремен, капа „juliette botterill“ и истата чанта која и беше омилена за време на нејзината турнеја на Карибите.

Патем, Орденот на жартиера е основан од англискиот крал Едвард III во 1348 година.Тоа е најстарата и трета најважна декорација на Обединетото Кралство по крстот на Викторија и Џорџ.

