Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Претставен соларен автомобил кој може да го реши проблемот со полнење на батериите и опсегот…

Lightyear со години развива соларен автомобил, односно електрично возило на кое има соларни панели преку кои може да се полни батеријата. По шест години развој на прототипот Lightyear One, минатата недела го претставија неговиот финален дизајн, но и новото име – Lightyear 0.

Производството треба да започне оваа есен, а првите испораки се очекуваат во ноември. Планирано е производство на 946 парчиња од овој автомобил, а сите кои се заинтересирани за овој автомобил добро ќе размислат да го купат, бидејќи за истата сума можат да добијат скап спортски автомобил. Имено, почетната цена на моделот Lightyear 0 изнесува дури 250 илјади евра.

Карактеристиките објавени на веб-страницата на овој холандски стартап се доста интересни бидејќи досегот со едно полнење на батеријата од 60 kWh е 625 km со максимална брзина од 160 km/h, додека од 0 до 100 km/h потребни се десет секунди.

Она што го прави автомобилот посебен тоа се соларните панели, а еден ден такво полнење би требало да биде доволно за досег до 70 километри. Според Lightyear, благодарение на соларното полнење, автомобилот може да помине повеќе од 1.000 km помеѓу две полнења на батериите. Секако, такво нешто е можно во посебни услови, а податоците се однесуваат на летно возење во Амстердам од 50 километри дневно.

За една година, благодарение на соларните панели, досегот може да се зголеми за дури 11 илјади километри.

Ко-основачот и извршен директор на Lex Hoefslooth, за време на презентацијата на автомобилот, рече дека на сите им е јасно дека побарувачката за електрични автомобили ќе се зголемува со текот на годините, но зголемувањето на продажбата нема да биде придружено со инфраструктура и доволен број на станици за полнење. Наместо батерии со поголем капацитет чие производство, вели Hoefslooth, го зголемува јаглеродот, решението што го нуди Lightyear се батерии со поголем опсег, но со помал капацитет со помали емисии на стакленички гасови.Проблемот со таквиот пристап е, очигледно, цената. Но, Electrek вели дека компанијата работи на развој на нов, достапен модел со цена од околу 30.000 евра. Ваков модел на пазарот можеме да очекуваме кон крајот на 2024 или почетокот на 2025 година, но во моментов нема многу информации за него, освен дека се развива под името Lightyear 2.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
rexbet   rexbet   rexbet   betebet   betebet   süperbet   süperbet   betebet   betebet   betebet   betebet   holiganbet   holiganbet   meritking   meritking   onwin   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   casibom   casibom   betgaranti   betebet   betebet   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   mrking   mrking   mrking   betebet   betebet   superbet   superbet   superbet   superbet   mrking   mrking   casibom   casinoper   bahisnow   casibom   betgaranti   betgaranti   slotbar   slotbar   onwin   onwin   rexbet   rexbet   casibom