Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Навиките во исхраната на Џеј Ло прават да изгледа неверојатно на 52 години…

Многумина би рекле дека латино дивата Џенифер Лопез е можеби најубавата жена на планетата.

Не е тајна дека Џенифер Лопез обожава да вежба и тоа е една од причините зошто е во неверојатна форма, но во тоа и помагаат одредени навики во исхраната кои ги следи долги години.

Пејачката за магазинот „Пипл“ признала дека ништо не се одрекува себеси, но дека со години има навики во исхраната до кои се придржува и кои и помагаат да остане во форма и здрава.

Пејачката и актерка денот го започнува со овошно смути, чиј рецепт во оваа прилика го откри:

-1 лажица протеин во прав

-3/4 шолја со јагоди

-1/4 шоља боровници

-1/4 шоља малини

-1/4 шоља јогурт

-1/4 лажица цимет

-1/4 лажица мед

-1/4 лажица свеж сок од лимон

-1/4 шоља со коцки лед

Можеби најважната ставка поврзана со добриот метаболизам е внесот на вода. Џенифер Лопез пие многу вода за да остане хидрирана. Пред утринското смути, пејачката пие вода со лимон, а во текот на денот пие најмалку седум чаши вода.

Нејзиното мени се состои од многу протеини, кое вклучува месо од мисирка, пилешко, риба и говедско месо. Но, споменатото месо се јаде само 3-4 пати неделно.

Протеинот секојдневно го добива и од јаткастите плодови, кои секојдневно ги јаде по една шака.

Менито на познатата латино дива секогаш вклучува зеленчук и овошје, но има и избор. Избегнувајте моркови и пченка бидејќи содржат премногу шеќер.

Пред настап или важен настан, Џеј Ло ги исфрла јаглехидратите и шеќерот од својата исхрана.

Рибата често се наоѓа на менито на пејачката, но таа наместо лосос секогаш ќе избере бранцин, или орада.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement