Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Бритни Спирс се омажи во венчаница од Бајките: ОТИДЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА САМА, НЕ МОЖЕШЕ ДА ГИ ПРИКРИЕ СОЛЗИТЕ…

Иако на свадбата не недостигаше драма, благодарение на поранешниот сопруг на пејачката, за Бритни тоа беше еден од најубавите моменти во животот.

По 13 години живот под клуч, пејачката Бритни Спирс ја очекува нов, послободен живот. Бритни се омажи за фитнес тренерот Сем Асгари во четвортокот, на приватна церемонија во нејзиниот дом во Лос Анџелес. Пристапот до медиумите беше забранет, но на површина излегоа интересни детали од венчавката.

Иако веќе е познато дека поп-ѕвездата дојде до матичар во бела кочија како Пепелашка и облече прекрасна венчаница со потпис на Донатела Версаче со дијамантски накит од Стефани Готлиб, сега конечно ја покажа таа венчаница.

Таа сподели неколку фотографии од церемонијата на Инстаграм, вклучително и фустан украсен со висок шлиц и раскошен шлеп и вел.

Според People, извор близок до парот тврди дека невестата „сама отишла до олтарот“ и во еден момент плачела од среќа. Изворот изјавил и дека Бритни се пресоблекла три пати во текот на вечерта и дека биле главни на подиумот заедно со Мадона, која била една од многуте познати гости.

По забавата, која заврши уште во 23 часот и 30 минути, младенците тргнале со бел Rolls Royce со класичен знак „Штотуку венчани“.

“Тоа беше најсреќната ноќ за Бритни. Сакаше свадба од бајките и ја доби. Изгледаше неверојатно. Многу е возбудена што се омажи и со нетрпение ја очекува иднината со Сем”, додал изворот на странските медиуми.

Меѓу познатите гости беа Парис Хилтон и нејзиниот сопруг Картер Реум, Дру Баримор, Донатела Версаче и многу други, а на забавата се обиде да упадне и поранешниот сопруг на Бритни, Џејсон Александар. Тој непоканет се обидел да упадне во луксузниот имот и бил совладан и уапсен.

Пејачката и тренерот се запознаа во 2016 година на снимањето на нејзиниот спот за „Slumber Party“. Спирс откри во радио интервју во 2017 година дека биле потребни речиси „пет месеци“ за повторно да се обединат по снимањето. “Беше многу сладок, па му се јавив. Тој е многу забавен, духовит човек”, рекла таа тогаш.

Сем ја запроси во септември 2021 година со голем дијамантски прстен и беше со неа во текот на судењето за да се ослободи од притворот под кој таткото Џејми ја држеше цели 13 години.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement