Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Саси вода: освежителен пијалок за кој се верува дека топи килограми

Друга предност покрај освежителниот вкус е тоа што овој пијалок речиси и да нема калории!

Водата е неопходна за здравјето, а се верува дека околу осум чаши вода се неопходни за оптимална дневна хидратација. Кога пиеме вода, па дури и кога консумираме „водена“ храна како диња, лубеница и друго овошје и зеленчук, значително придонесуваме за нормално функционирање на организмот. Најважната придобивка од хидратацијата е тоа што помага да се одржи соодветна рамнотежа на течности во телото и штити од задржување на вода.

Осум чаши вода се пропишана мерка, но потребата на секого за течности варира во зависност од нивото на активност и телото. Сите течности (и храната полна со вода) се вбројуваат во вкупниот внес на течности.

Бидејќи хидратацијата е особено важна во летните месеци, ви пренесуваме рецепт кој има повеќекратни здравствени придобивки, а дополнително помага и за слабеење. Овој пијалок го нарекуваме вода Саси, во чест на креаторот на овој рецепт, директорката за превенција на исхраната Синтија Сас.

Друга предност покрај освежителниот вкус е тоа што овој пијалок речиси и да нема калории.

Потребно ви е:

– 2 литри вода
– 2 лажички рендан ѓумбир
– 1 краставица (средна големина) тенко исецкана
– 1 лимон тенко исечен
– 12 мали нане листови

Ставете ги сите состојки во голем бокал и оставете да отстои преку ноќ. Пијте го целиот бокал до крајот на секој ден. Овие состојки не се избрани само за вкус: ѓумбирот помага и на дигестивниот тракт, што на крајот резултира со порамен стомак.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement