Холивудската миленичка Кејти Холмс постојано ја бараше љубовната среќа по разводот со Том Круз, а се чини дека конечно ја најде кај музичарот Боби Вутен III. Прославената актерка не крие колку е среќна со новиот избраник, а тоа го потврдува и фактот што не ги трга рацете од него ниту на официјален настан полн со новинари…
Откако пред еден месец беше видена на романтична прошетка низ Менхетен, 43-годишната актерка Кејти Холмс реши да го донесе своето ново момче, 10-години помладиот Боби Вутен III, како придружник на официјален настан, каде на сите им покажа како таа е навистина многу заљубена.
Актерката, чија кариера беше обележана со улогата во некогаш популарната хит серија Dawson’s Creek, не ја симна насмевката од лицето додека го опсипуваше својот избраник со прегратки, бакнежи и нежни допири.

Кејти Холмс, позната по тоа што е некрунисана кралица на уличната мода, избра жолт фустан кој беше одличен контраст со нејзината темна коса и тен, а музичарот се одлучи за смарагден костум во комбинација со црна кошула.

Боби Вутен III е познат басист и музичар роден во Чикаго и соработувал со голем број музичари како Џенифер Лопез, Мек Милер и Џенифер Хадсон, меѓу другите.Кејти Холмс беше во врска со 52-годишниот оскаровец Џејми Фокс шест години по нејзиниот развод со Том Круз, пред да се разведат во 2019 година, а потоа започна страсна романса со познатиот готвач Емили Витол Џуниор, која траеше осум месеци.
Работеше и на серијата „Империја“, но и со брендови како Гугл, Рибок, Најк, а се појави и во документарниот филм на Дејвид Бирн „Американска утопија“ во режија на Спајк Ли во 2020 година.
