Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

НОВАТА КОЛЕКЦИЈА ЗА МАЖИ JIMMY CHOО СО КОЈА ОПУШТАЊЕТО ПОКРАЈ БАЗЕН МОЖЕ ДА БИДЕ ГЛАМУРОЗНО…

По претставувањето на врвната капсулна колекција на Beach за летната сезона наменета за жени, луксузниот бренд се погрижи посилниот пол да изгледа елегантно покрај базен.

Оваа сезона ѕвезда на модната компанија е Џерон Мекинли, кој изгледа одлично на рекламните фотографии на Клер Ротштајн. Топ моделот блеска во избор на лесни летни комбинации кои вклучуваат сè, од маици и секојдневни панталони до чевли со монограмот на брендот Jimmy Choo.

Сандра Чои, креативниот директор на брендот, се одлучи за светли бои оваа сезона за да влијае на трендовскиот летен стил оваа сезона. Ентузијазмот и енергијата се брилијантно прикажани на прекрасните и колоритни фотографии кои зрачат со безгрижно летно расположение.

Покрај рекламните фотографии беше претставена и видео кампања во режија на Пол Меклин, во која заедно со Џерон глумеа топ моделите Барбара Палвин, Прешис Ли и Медисон Хедрик. Кампањата прикажува разигран гламур покрај базенот и го одразува смелиот и самоуверен дух на брендот Jimmy Choo.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement