Состојки:
една шолја овесна снегулки
1 лажица чиа семе
1 лажица ленено семе
1 лажица мед
1 лажица протеин од кокос
1 шолја јогурт
половина чаша млеко
грст замрзнати капини
грст бадеми
2 реда темно чоколадо
Подготовка:
Најпрво треба да ги измешате сите состојки во еден малку подлабок сад, бидејќи сите ќе треба да ги соедините со миксер со стапче или едноставно да ги ставите во блендер.
Така додадете снегулки, па ленено семе, чиа, па прелијте со јогурт и млеко и протеини. Сето тоа измешајте го додека состојките не се залепат. Потоа додадете мед и капини. Смесата полека ќе добива боја и сладост.
Потоа истурете го во сад ако сте го изблендирале во блендер, па врз сето посипете бадеми и издробено темно чоколадо.
