Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Летна шминка: Користете полесни подлоги и малку помалку шминка…

Топлината и потта побрзо влијаат на затнувањето на порите, а доколку дополнително ги наполниме со шминка, може да настанат овие несакани воспалителни процеси. Летната шминка е полесна и повоздушеста.

Во потоплите денови, носењето подебел слој шминка може да предизвика проблеми со кожата, бидејќи можни се акни и слични несовршености.

Носењето помалку шминка и дава можност на кожата да дише, па затоа треба да изберете подлоги кои ќе бидат полесни. Летните пудри имаат „лесна“ текстура и поголем процент на вода.Тоа се гледа на прв поглед – штом ставиме малку летна пудра, ќе видиме дека полесно се шири.

Ако нашето чело и Т зоната повеќе блескаат, тоа значи дека произведуваме повеќе себум, па затоа е добро да користиме полесни подлоги.Марамчињата се исто така практични, обична хартија, која можете да ја потпрете на челото или лицето за да го отстраните целиот вишок.Миењето на лицето во лето е задолжително неколку пати на ден, за да не се затне кожата со премногу слоеви и маснотии.

Во лето важна е подлогата, односно начинот на кој го подготвуваме лицето за шминкање. Треба да се користат лесни, хидрантни креми, кои на кожата ќе и дадат многу влажност.Нанесете утринска крема и почекајте да се впие. Што се однесува до заштитниот фактор, добро е да го имате во пудрата, за да се уверите дека сте ја намалиле појавата на хиперпигментација на минимум.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement