Џесика Алба
Тесните фармерки влегуваат во модното минато, а новиот тренд на поудобни модели на фармерки го прифати и актерката и претприемач Џесика Алба, според многумина некрунисаната кралица на уличната мода. Младоликата 41-годишна Џесика уште еднаш воодушеви од најпопуларниот модел на светли тексас фармерки, кои одлично и прилегаа, а ги облече со маичка, класични бели патики и зелена хауба од парискиот бренд Sandro. Поентата на „i“ на овој кул изглед беше ефективната чанта со леопард принт (Clare V.). Во ова преубаво издание таа со своите ќерки отиде на концерт на младата музичка сензација Оливија Родриго.




