Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Honda најавува целосно нова генерација на модели CR-V…

Со само неколку фотографии, Honda најави целосно нова генерација на теренци CR-V, кои на европскиот пазар ќе пристигнуваат само во хибридна верзија, а премиерата се очекува на лето.Целосно новата генерација на Honda CR-V пристигнува до крајот на годината, а ќе има премиера веќе ова лето. Како и кај сите други модели, новиот CR-V на европскиот пазар ќе пристигне само како хибрид, што е веќе долгорочен план на Honda. Откако новиот Civic ќе пристигне наесен, Honda ќе ги има сите европски модели со хибриден погон.

А што е со фотографиите? Па, очигледно е дека дизајнот ќе еволуира, но ќе има малку поостри линии кои му даваат доза на спортски изглед, додека страничната силуета, според сите сметки, ќе остане слична на се уште актуелниот модел. Но, новата генерација треба да расте во сите правци и да понуди уште повеќе простор во внатрешноста, како и во багажникот. Во понуда ќе бидат и верзии со 5 или 7 седишта, како и досега. И се очекува целосно нов ентериер со дигитална инструмент табла и поголем мултимедијален екран, а изгледот веројатно ќе биде сличен на оној на новиот Civic.

Се шпекулира дека новиот CR-V би можел да добие два хибридни погони, послаби и посилни, а во понудата повторно ќе има верзии само со погон на предните тркала, како и верзии со погон на сите тркала. Се разбира, менувачот е секогаш автоматски CVT. И тоа е она што засега го знаеме, а се останато ќе се знае за неколку месеци.

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement