Викторија Бекам е новото заштитно лице на насловната страница на британското издание на магазинот „Grazia“, а за таа прилика модната дизајнерка позираше во парчиња од новата колекција инспирирана од женските облини. Иако е позната љубителка на виткиот изглед, поранешната членка на групата Спајс проговори за женското тело и рече дека слабите жени се минато и дека денешните жени сакаат да имаат гради и задник…
Сопругата на прославениот фудбалер Дејвид Бекам, 48-годишната Викторија Бекам е позната по својата витка линија која успешно ја одржува со години, но во новото интервју за магазинот „Grazia“, успешниот дизајнер изјави дека трендот на слабеење е нешто од минатото.
Имајќи го ова на ум, таа ја создаде новата колекција „VB Body“, за која рече дека им изгледа особено добро на луѓето кои се „удобно исполнети“, а со чии парчиња позирала за насловната страница на британската верзија на популарниот магазин.Ако сакате да бидете слаби, тоа е старомоден став. Мислам дека жените денес сакаат да изгледаат здраво и да имаат облини. Сакаат да имаат гради и задник“, коментира поранешната пејачка.Иако јавноста ја познава по нејзината извајана фигура, а неодамна нејзиниот сопруг, 47-годишниот Дејвид Бекам, откри дека неговиот животен партнер веќе 25 години секој ден јаде исто јадење – риба на скара и зеленчук на пареа, Викторија Бекам создаде колекција облека за обликување на телото која го слави женското тело со облини.
Поранешната најде инспирација за својата нова колекција во „жените со облини“ што ги гледа на улиците на Мајами, каде што живеат таа и Дејвид поради неговата косопственост на Inter Miami CF, кои ги покажуваат своите облини со голема самодоверба со малку облека.
Викторија смета дека нивниот став и стил се многу ослободувачки, додавајќи дека како мајка ѝ се допаѓа нејзиното најмало дете, 10-годишната Харпер Севен, да живее блиску со жени кои уживаат во нивните тела и изглед.
