Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Кански фестивал: Ева Лонгорија, Џулиен Мур и Елвира Џејн докажаа дека класиката е секогаш во мода

Она што ги издвојува од толпата се нивните црни фустани кои оставија многу силен впечаток кај публиката…

Со премиерата на филмот „Final Cut“ синоќа свечено беше отворен 75-тиот Кански филмски фестивал. Овој фестивал традиционално ги собира најпознатите и најбараните актери во светот, а многубројните манекенки, водителки, пејачи и инфлуенсери дефинитивно ќе го најдат своето место во овој француски град.

Филмскиот фестивал во Кан е еден од најгламурозните настани, а секоја година на црвениот тепих имаме можност да видиме скапи и интересни комбинации на облека за кои долго ќе се зборува.

Како и секој пат, светски познатите ѕвезди на уникатен начин се обидуваат да блеснат во елегантни, дури и екстравагантни модели на фустани, кои дефинитивно ќе привлечат внимание.

Сепак, актерките Ева Лонгорија, Џулиен Мур и манекенката Елвира Џејн докажаа дека помалку е понекогаш повеќе и дека класиката никогаш не излегува од мода.

Она што ги издвојува од толпата се нивните црни фустани кои оставија многу силен впечаток кај публиката. Судејќи по коментарите, Ева беше таа која на сите им ги „украде“ симпатиите кога се појави во црн фустан со раскошни рифли и светки на долниот дел.

Целата комбинација актерката ја комплетираше со чокер дијамант и црни потпетици со циркони.

Во галеријата подолу погледнете како изгледаа Ева, Жилиен и Елвира на Канскиот филмски фестивал.

Чиј фустан најмногу ви се допадна?

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement