Пејачката и актерка минатата сабота беше водителка на шоуто Saturday Night Live, откривајќи дека е „сингл и подготвена за дружење“, а носеше фустани кои би сакале да ги видиме во нејзината гардероба.
Селена Гомез беше водителка на Saturday Night Live и исто така ја покажа својата духовита страна. Во воведниот монолог, таа откри дека е сингл и „ја манифестира љубовта“ и се пошегува дека шоуто е очигледно одлично место за наоѓање љубов: „Ема Стоун и Скарлет Јохансон таму ги запознаа своите сопрузи“, но и Пит Дејвидсон – со Кели.
Во таа прилика таа облече и фантастичен фустан за кој сè уште размислуваме: мал црн фустан со исечени ракави украсен со машнички со кристали и гол грб е креација на брендот Mach & Mach, познат по машничките кои модниците едноставно ги обожаваат.
Покрај фустанот, Селена носеше и чевли Aquazzura Mary Jane и прстени со кристали, со што го комплетираше беспрекорниот изглед. По шоуто, Селена се упати на забава со други учесници во шоуто, вклучувајќи ги музичарот Пост Мелоун и Кара Делевињ и Луис Хамилтон. Во оваа прилика таа се пресоблече во уште еден одличен „мал црн фустан“ од Мајкл Стјуарт, кој ги разголува рамениците и тетоважата на бутот, со што стана вистинска инспирација за аутфити за топлите летни излегувања.

