Актерката Меган Фокс и нејзиниот вереник, раперот Machine Gun Kelly се ѕвездите на новиот филм „Good Morning“ кој синоќа беше премиерно прикажан во Западен Холивуд. Секогаш кога ќе се појави во јавноста, згодната актерка привлекува внимание со своите изданија, а овој пат во мода ѝ се придружи и нејзиниот животен избраник, кој не заостануваше зад нејзиното заводливо издание.
Меган Фокс, 35-годишната актерка и нејзиниот три години помлад партнер, американскиот рапер и актер Машин Кели, синоќа пристигнаа на премиерата на нивниот нов филм „Добро утро“. Ѕвездата на филмот „Трансформери“ воодушеви појавувајќи се во тесен тоалет со светки, а нејзиниот вереник верно ја следеше во смел костум со рози.
Атрактивната актерка блесна во бледо розев фустан кој ја истакнува нејзината витка фигура и е потпишан од луксузниот бренд Philosophy di Lorenzo Serafini. Тоалетот украсен со светки и шлиц кој ги открива нозете, актерката го спои со проѕирни салонки со потпис на брендот Andrea Wazen.
Нејзиниот свршеник, 32-годишниот Кели, се одлучил за сатенски магента костум со шема на црвена роза.

Освен што привлекуваат внимание со смелите стајлинзи, славниот пар не можеше да ја сокрие својата љубов. Една од најубавите актерки утеха наоѓа во раперот во кој е вљубена повеќе од една година по разводот со Брајан Остин Грин кој беше16-години постар од неа, со кој има три деца.
