Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Водителката со својата одлука ги шокираше сите, го прекина лекувањето и Борбата со тешка дијагноза: ‘Не можам да одам’…

Водителката на подкастот на Би-Би-Си, Дебора Џејмс (40) објави дека одлучила активно да го прекине лекувањето со рак на дебелото црево во стадиум IV. Болеста првпат ѝ беше дијагностицирана во 2016 година, а Дебора на својот Инстаграм профил објави детали од борбата против тешката болест.Неодамна откри дека минувала низ најтешкиот период кога за малку ќе умрела во болница, а во тој момент решила да го прекине лекувањето за да ги помине последните денови со семејството.

-Моето активно лекување престана и сега сум префрленa на болничка нега дома, со моето неверојатно семејство околу мене и фокусот е да не се повредувам и да поминувам време со нив. Никој не знае колку време ми преостанува, но не можам да одам, спијам поголем дел од денот, а за работите што ги земав здраво за готово сега можам само да сонувам. Знам дека направивме се што можевме. Во текот на повеќе од пет години пишување за тоа како мислев дека ќе биде мојот последен Божиќ или дека нема да го прославам мојот 40-ти роденден или да ги гледам моите деца како одат во средно училиште… – започна водителката.

-Всушност, не ни замислував дека ќе напишам пост во кој навистина се збогувам. Мислам дека тоа беше некоја бунтовничка надеж во мене. Но, дури и со сите иновативни лекови против рак или некое магично ново откритие, моето тело едноставно не може повеќе да продолжи. Сите сте неверојатни, ви благодарам што ја одигравте вашата улога во моето патување. Без каење. Уживајте во животот“ – заклучила Дебора, а во коментарите ја контактирале многу следбеници кои и праќале пораки за поддршка.“ Ти праќам многу љубов“, „Ти си прекрасна личност, само да знаеш колку животи си сменила , ”Ти си инспирација, блескава ѕвезда, продолжи да се бориш”, ”Ти благодариме што си толку посебена”, ”Те сакаме, испраќаме многу сила на твоето семејство”, ”Ти се вистинска кралица“, „Срцето ми е скршено кога го читам ова, испраќам љубов и сила на твоето семејство“,и напишаа пријателите.

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement