Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

ТРИДНЕВНА ДИЕТА СО ПОРТОКАЛ: Појадокот е секогаш ист, а губите по еден килограм дневно…

Ви го пренесуваме менито за многу популарна диета со портокали.

Една од најефективните и многу популарни диети е онаа со портокали и јајца. Со оваа рестриктивна диета, која сигурно ќе им одговара на сите љубители на портокал, губите и до еден килограм дневно.

Оваа диета или тридневна детоксикација, природно ги намалува мастите во вашето тело и ја чисти вашата кожа, правејќи ја сјајна.

Бидејќи нашата исхрана многу се менува во текот на диетата, најчесто во овој период строго се воздржуваме од „омразените“ јаглехидрати, потоа губиме многу течности, но и ја намалуваме мускулната маса. Затоа ваквите рестриктивни диети нема да бидат успешни долгорочно, бидејќи телото нема да може да издржи толку многу труд и калориски дефицит, но оваа тридневна детоксикација ќе го освежи вашето тело и ќе го наполни со нова енергија.

Оваа диета не е погодна за оние кои немаат прекумерна тежина. Доколку спаѓате во оваа категорија, а сепак сакате да пробате, тоа можете да го направите во поблага, прилагодена верзија и со задолжителна консултација со нутриционист или лекар.

За време на оваа диета првиот утрински оброк е секогаш ист: еден портокал (или една круша, праска, парче лубеница или диња), два тостови, шолја кафе или чај без шеќер.

Прв ден
Ручек: портокал, варено јајце, кисело млеко или јогурт

Вечера: два домати или два децилитри доматно пире, 2 варени јајца, мала главица зелена салата или краставица и два двопек

Втор ден
Ручек: портокал, јајце, кисело млеко, два тостови

Вечера: 125 грама мелено говедско месо, домат или децилитар доматно пире, тост, шолја чај или кафе

Трет ден
Ручек: портокал, варено јајце, кисело млеко, мала главица зелена салата

Вечера: 125 грама мелено месо, портокал, тост, шолја кафе или чај.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement