Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Актерката Хилари Даф се соблече до крај и го покажа своето неверојатно тело, но рече дека не е се како што изгледа…

Новата насловна страница на магазинот Women’s Health ја краси американската актерка Хилари Даф, која неодамна глумеше во популарната серија „Како ја запознав мајка ти“. Згодната 34-годишна девојка се соблече за таа пригода
Иако досега не сме навикнати да ја гледаме во разголени изданија, а особено во последните години бидејќи најчесто е во друштво на своите малечки, облечена во слатки креации удобни за играње со деца, Хилари Даф направи целосен пресврт во нејзината кариера.Актерката која ја паметиме по тинејџерските улоги, а неодамна глумеше во новите продолженија „Како ја запознав мајка ти“, позираше целосно гола за новиот број на магазинот Women’s Health.

„Горда сум на моето тело, горда сум што родив три деца. Дојдов до фаза во која сум целосно мирна со промените што се случија со моето тело по се што поминав“, гордо рече таа во едно интервју, а потоа истакна:„Исто така, сакам читателите да знаат дека шминкерот ми стави одлична пудра на телото, а кореографот ме стави во оваа поза каде изгледам фантастично“.

Даф рече дека потрошила цели четири недели подготвувајќи го своето тело за ова важно снимање. Таа напорно тренираше за да се врати во форма и доби навика и понатаму да биде фит.

Без разлика, шармантната 34-годишна девојка истакнува дека нејзиниот изглед не е приоритет.

„Сите се премногу загрижени за изгледот. Се трудиме да бидеме фит, се убиваме од вежбање, го средуваме лицето со ботокс, ја бојадисуваме косата, ги креваме веѓите и трепките и правиме многу други глупости, а всушност најважното нешто со кое треба да се занимаваме е нашата внатрешност. Тоа е најважниот дел од целиот систем“, заклучи таа.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement