Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

СЕ ПРОДАВААТ ВАЛКАНИ И СКИНАТИ ПАТИКИ – Социјалните мрежи “ГОРАТ” и сите го поставуваат истото прашање! (ВИДЕО)

Модната куќа Balenciaga изнервира многумина со новиот модел на патики кои чинат премногу, а изгледаат истрошено, валкано и искинато!Луксузната модна куќа Balenciaga повторно шокира! Сведоци сме дека последниве години многу модни брендови, особеноBalenciaga,продаваат работи што изгледаат старо, истрошено, валкано и по незамисливи цени. Но, очигледно е дека има и такви кои би сакале да дадат толку многу пари само затоа што на нешто пишува името на брендот …

Па, во новата колекција на оваа модна куќа има и патики кои буквално изгледаат како штотуку да сте ги извадиле од контејнер, поради што станаа предмет на потсмев на социјалните мрежи.

Станува збор за лимитирана колекција од само 100 пара, а овие патики кои изгледаат целосно уништени се продаваат по цена од 1.850 долари.

Исто така, на сајтот Balenciaga има верзија на нешто помалку уништени патики, кои се продаваат по цена од 495 до 625 долари.

Во соопштението од модната куќа се вели дека овие патики, кои изгледаат истрошено, валкано и искинато, всушност симболизираат квалитет – „покажуваат дека тоа се патики кои можете да ги носите цел живот“.

Сепак, судејќи според коментарите на социјалните мрежи, сите го поставуваат истото прашање – кој би го купил ова?!

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement