Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Шерон Стоун: Патики кои одлично одат со миди и макси фустани…

Шерон Стоун го прослави Денот на мајката во добро расположение и отиде на вечера во познатиот ресторан Craig’s во Западен Холивуд. Актерката беше фотографирана како излегува од ресторанот со насмевка на лицето држејќи бела роза во раката, а белата беше изборот на Шерон кога станува збор за стајлингот за вечерно излегување.

Убавата 64-годишна актерка е голем љубител на младешки комбинации на облека, кои ги носи фантастично, а таков аутфит избра и за вечерата по повод Денот на мајката. Таа облече бел шишен фустан со средна должина со шлиц лево.Впечатливи беа и патиките кои Шерон Стоун ги носеше со бел фустан, а се работи за моделот Портофино од модната куќа  Dolce & Gabbana, чие лице е Шерон. Портофино е рибарско село и позната туристичка дестинација на италијанскиот брег, а токму во овој живописен град Доменико Долче и Стефано Габана наоѓаат многу инспирација за нивниот дизајн.Бидејќи фустанот немал ракави, Шерон носела плетен бел џемпер преку него. Стајлингот го подигна со комплет накит, големо сребрено ланче украсено со големи крстови и големи кружни обетки, а од модните додатоци избра и сребрена чанта со златно синџирче.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement