Познатиот супермодел Бела Хадид, која беше прогласена за најубава жена на светот, ги воодушеви своите обожаватели, но и пошироката публика со предизвикувачка и смела комбинација на облека.
Имено, по појавувањето на Мет Гала, познатите личности отишле на забава, на која манекенката Бела Хадид го украла целото внимание.
Нејзиниот стил на црвениот тепих секогаш привлекува внимание, а таа ретко пропушта прилика да ја заинтригира јавноста или да се пофали со своето неверојатно тело, што беше случај и овој пат.

Транспарентно црно здолниште, корсет од тантела кој нема преден дел, туку покрива само дел од градите, беа нејзината комбинација на облека.

Со овој исклучително храбар стајлинг манекенката облече црни сандали со потпетици, а од модните додатоци донесе мала црна чанта, златни обетки и алки во иста боја.
Шминката и фризурата беа многу дискретни, така што комбинацијата на облека целосно ќе дојде до израз.

