Џенифер Лопез
Славната Џенифер Лопез вчерашниот ден на мајката го помина во друштво на една од најмилите личности во нејзиниот живот, ќерката Ема Марибел Муњиз. Уловени во прошетка во Малибу, славната мајка и ќерка уште еднаш покажаа дека иако се многу блиски, воопшто не го делат истиот моден стил. Навистина, нивното разбирање за модата е сосема поинакво. И додека Џенифер Лопез е позната по своите исклучително женствени и ласкави силуети, 14-годишната Ема има свој стил, па повеќе сака да избира лежерни, удобни парчиња, играјќи со бунтовен стил.
Ништо не беше поинаку и овој пат – Џенифер го привлече вниманието во шик и женствен стајлинг кој вклучуваше макси фустан со широк крој и беж џемпер, чанта и гламурозни очила за сонце, а Ема посегна по кафени панталони, бела кошула и кафеав, плетен елек. а и овој пат нејзината бујна, виткана коса привлече внимание.



