Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Кралицата Летиција: Добро скроен фустан стар три години за изглед од милион долари

Кралицата Летиција е љубител на класично скроени модни парчиња кои и ласкаат на нејзината фигура.

Тоа го покажа неодамна во Мадрид на состанокот насловен „Конкурентни предности на снимањето во Шпанија“, организиран од државниот секретар за телекомуникации и дигитална инфраструктура, Шпанската филмска комисија и инвестициската компанија ICEX-Invest.

За оваа пригода, шпанската кралица избра црвен фустан во А линија со потписот на Каролин Херера, кој се карактеризира со патент на предниот дел на моделот. Миди фустан без ракави го откри нејзиниот исончан тен, но и фит фигура.

Кралицата Летиција го има овој фустан во својот гардеробер околу три години. Таа за прв пат го носеше во септември 2019 година на прием во чест на шпанската кошаркарска репрезентација. Потоа го спои со црвени потпетици со отворени пети.

Овој пат таа се одлучи за штикли во боја на кожа со вртоглава потпетица која ја издолжува целата фигура. Комбинацијата ја заокружи со црвена чанта со змиски дезен и висечки обетки Хозе Луис.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement