Не знаеме кое јадење беше толку добро што би го јаделе секој ден (чоколадото не се брои), но за Џенифер тоа била оваа салата која наводно ја подготвувала секој ден десет години.
Секогаш сме во потрага по нови и креативни рецепти, а еден што ни го привлече вниманието во последно време стана вирален на социјалните мрежи, иако не е особено нов. Имено, станува збор за салата која Џенифер Анистон ја јадела секој ден за време на снимањето на „Пријатели“.
Во едно интервју во 2010 година, Кортни Кокс откри дека омилен ритуал и бил заедничкиот ручек со Лиза Кудроу и Џенифер Анистон на која и се заслужни за вкусната салата што ја јаделе секој ден. Интернетот (но и ние) се прашуваме кое јадење е тоа што никогаш не здосадува, а во продолжение откријте го рецептот.

Состојки (за 4 порции):
2 чаши булгур (или киноа)
4 чаши вода
1/2 мала главица, ситно сечкан црвен кромид
1 чаша свеж, ситно сечкан магдонос
1/2 чаша свежо, ситно сечкано нане
½ чаша свеж, сечкан млад лук
¾ чаша излупени ф’стаци
1 сечкана голема краставица
2 лименки од 400гр наут
1 фета сирење
2-3 големи лимони
Сол и бибер по желба
Подготовка:
Сварете го булгурот, измешајте го со вилушка и оставете го да се излади во садот во кој ќе ја подготвите салатата. Кога ќе се излади се додаваат исечканиот кромид, магдоносот, нането, власецот, краставицата и ф’стаците, се дроби фета, се додава наутот, а лимонот се цеди по желба. Додадете сол и бибер, а по желба можете да зачинете со маслиново масло.
