Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Говорот на старецот од серијата „Squid Game“ ја расплака водителката

Инспиративен говор на Џеонг Су, ѕвезда од серијата „Squid Game“.

Доколку ја гледавте серијата „Squid Game“, една од најзабележителните улоги ја одигра Џеонг Су (77), кој го глумеше старецот и натпреварувачот од бројот 001. Поранешниот господин и актер гостуваше во една емисија, а неговиот говорот ја расплака водителката.

Џеонг Су зборуваше за деталите од серијата и односот на победниците во вистинскиот современ свет.

Нашето општество развива култура во која е важно само првото место. Ако си втор, не е важно. Но, ќе ви кажам нешто – вистински победник е оној кој е посветен на она што го сака и кој работи на своите вештини. Мислам дека таков човек е вистинскиот победник – рекол актерот.

Во неговата изјава неведе дека се труди да не биде алчен во животот. Тој продолжи со зборовите дека како човек добива многу во животот и дека се труди да врати на заедницата се што има.

– Ќе ви дадам еден пример. Се качувате на некоја планина и налетувате на прекрасен цвет. Кога сте млад, цветот е веќе во вашата рака. Но, кога ќе дојдете на мои години, нема да го скинете, ќе го цените тоа што е таму. Така е тоа на мои години. Ќе ги оставите работите таму каде што се за да можете повторно да ги цените. Така е и во животот. Само оставете ги работите таму каде што се. Дали сум во право?изјави актерот.

На тие зборови водителката се расплака.

– Колешката се разнежни слушајќи ги вашите зборови – рекол водителот, а водителката изјавила дека зборовите на актерот допреле до нејзиното срце.

Погледнете го видеото:

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement